Македонија

Зголемена излезност во Брвеница: До 13 часот гласале над 4.500 граѓани

Зголемена излезност во Брвеница: До 13 часот гласале над 4.500 граѓани

Зголемена излезност е регистрирана во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до 13 часот своето право на глас го искористиле 4.518 граѓани, односно 27,81 отсто од запишаните избирачи.

Податоците од сите 24 избирачки места покажуваат дека интересот за гласање е поголем во споредба со првиот изборен круг, одржан на 18 октомври. Излезноста е зголемена за 7,31 процентен поен.

До ДИК бил доставен и еден приговор за заштита на избирачкото право. Комисијата го прифатила приговорот, по што на избирачот му било овозможено непречено да гласа.

Од Државната изборна комисија најавија дека нови информации за одѕивот на гласачите и текот на изборниот процес ќе бидат презентирани на прес-конференција во 15:30 часот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни