Breaking Народна банка управува со Алта банка >>> Следете во живо
Балкан

Илијана Јотова по победата: Радев, без вас немаше да успееме

Илијана Јотова по победата: Радев, без вас немаше да успееме

Илијана Јотова, која според првичните резултати победи во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, им се заблагодари на граѓаните за поддршката и порача дека ќе биде претседател кој ќе бара дијалог со сите политички страни.

Во своето прво обраќање по изборниот ден, Јотова посебно му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев, кој стоеше покрај неа.

„Господине Радев, без вас немаше да успееме“, порача Јотова, изразувајќи благодарност и до „Прогресивна Бугарија“, Бугарската социјалистичка партија и останатите политички партии и гласачи кои ја поддржале.

Таа оцени дека нејзината кампања била насочена кон животниот стандард и мирот, додека противкандидатот Андреј Ѓуров го обвини за агресивна предизборна реторика.

Јотова откри и дека Ѓуров телефонски ѝ честитал за победата, изразувајќи уверување дека ќе биде претседател кој ќе успее да воспостави дијалог со сите.

„Пред малку господинот Ѓуров ми се јави да ми честита за победата и ми рече дека ќе бидам достоен претседател“, изјави Јотова.

Нејзиниот кандидат за потпретседател, Кирил В’лчев, порача дека посебно внимание ќе им посвети на Бугарите во странство, младите и европската иднина на државата.

Според првичните изборни резултати, Јотова има убедлива предност пред Ѓуров и е на пат да стане првата жена избрана за претседател на Бугарија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни