Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Македонија

Миноски: Народната банка го презеде управувањето со Алта банка за да спречи поголеми штети

Миноски: Народната банка го презеде управувањето со Алта банка за да спречи поголеми штети

Со воведувањето администрација во Алта банка, Народната банка практично го презема управувањето со институцијата преку назначени администратори, со цел заштита на капиталот и спречување евентуално масовно повлекување на депозитите. Ова го објасни Кирил Миноски во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Според Миновски, одлуката на македонскиот регулатор е поврзана со случувањата во Србија, каде што на Алта банка ѝ била одземена дозволата за работа поради сериозни проблеми со ликвидноста.

Тој нагласи дека македонската банка е посебно правно лице кое функционира согласно домашните закони и е под надзор на Народната банка.

„Во нашиот случај, со оглед на тоа што имаме правно лице кое е поврзано преку основачот, немаме такво нарушување на ликвидносната состојба во банката, врз основа на она што го кажуваат надлежните институции во државата“, изјави Миновски.

Тој појасни дека во редовни услови со банката управува Управен одбор, додека Надзорниот одбор ја контролира неговата работа и се грижи за законитоста на работењето.

Меѓутоа, со воведувањето на привремената администрација, работењето на Управниот одбор е суспендирано, а неговите надлежности ги преземаат назначени администратори.

„Тоа значи дека Народната банка го презема управувањето, односно администрирањето со Алта банка. Причините поради кои го прави тоа се да се заштити капиталот на банката, да не дојде до масовно повлекување финансиски средства и да се спречат евентуално поголеми штети“, истакна Миновски.

Според него, ваквата интервенција не треба автоматски да се поистоветува со стечај или со неспособност на банката да ги исполни своите обврски.

Миновски посочи дека, според информациите презентирани од надлежните институции, банката располага со средства за намирување на обврските кон депонентите, без разлика дали станува збор за физички или правни лица.

Тој оцени дека одземањето на лиценцата на матичната банка во Србија било доволен сигнал за македонските институции да преземат брзи мерки со кои ќе се спречат дополнителни ризици за банкарското работење.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни