Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Македонија

Миноски: Да се зголеми лимитот за повлекување пари од Алта банка, 10.000 денари не се доволни

Миноски: Да се зголеми лимитот за повлекување пари од Алта банка, 10.000 денари не се доволни

Постојните ограничувања за користење на средствата од Алта банка треба да се преиспитаат, особено кога станува збор за граѓаните кои целосно зависат од примањата што ги добиваат преку оваа финансиска институција. Ова го порача Кирил Миноски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Тој оцени дека неделниот лимит за располагање со средствата претставува сериозно ограничување за многу семејства, особено за оние кои немаат други извори на приходи.

„Мене не ми е јасна методологијата по која е направена проценката. Можеби треба да се размисли за зголемување на тој лимит во располагањето со средствата“, изјави Миноски.

Според него, ваквите мерки, иако имаат за цел да спречат масовно повлекување депозити, директно влијаат врз финансиската сигурност на клиентите.

Тој предупреди дека особено тешка е состојбата за граѓаните кои треба да покриваат неодложни трошоци, како лекување, отплата на долгови или исполнување обврски кон извршители.

„Ќе имаме ситуации во кои има лица кои треба неодложно да одат на лекување, им се неопходни финансиски средства, лица кои се под притисок на извршители и имаат друг вид проблеми. Секогаш е неблагодарно кога се ограничува располагањето со имотот на граѓаните“, истакна Миноски.

Тој нагласи дека ограничувањата се непопуларни, но дека нивното времетраење мора да биде што е можно пократко.

Според него, потребно е да се разгледа можноста за зголемување на дозволениот износ за користење на средствата, паралелно со изнаоѓање трајно решение за иднината на банката.

Миноски порача дека институциите треба да ја земат предвид реалната финансиска состојба на граѓаните, особено во Пелагонискиот Регион, каде што банката има значителен број клиенти.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни