Македонија

Претреси на повеќе локации низ Македонија

Претреси на повеќе локации низ Македонија

Во тек се повеќе претреси за обезбедување докази во врска со кривичните дела „изнуда“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „несовесно работење во службата“, информираат од Обвинителството.

Дејствијата ги спроведуваат полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Претресите се вршат врз основа на наредби обезбедени од надлежното јавно обвинителство.

Засега не се соопштуваат локациите на претресите, бројот на опфатени лица, ниту дали има приведени.

Од Обвинителството најавуваат дека ќе ја информираат јавноста по целосното завршување на акцијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни