Кавадарци со 328 првачиња во 23 паралелки ја започнува новата учебна година, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на денешната прес-конференција.
Тој нагласи дека Општината непрекинато работи на подобрување на условите во сите училишта.
– Во изминатите години се вложуваше многу во подобрување на училишните згради, вториот дом на нашите ученици. Ние како локална самоуправа ќе продолжиме да ги следиме трендовите во образованието и за децата ќе обезбедуваме место кое ќе биде инспирација за нови знаења, рече Јанчев.
Тој им посака успешна година на учениците и просветните работници.