Сончевите периоди ќе го одбележат времето во земјава во наредните денови, иако наутро на одредени места ќе има појава на магла и ниски температури. Стабилните временски услови ќе се задржат до крајот на викендот, а потоа се очекува зголемување на облачноста и можност за локални врнежи од дожд.
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во одделни котлини ќе има услови за утринска магла, додека ветерот ќе дува од северен правец со слаб до умерен интензитет.
Во сабота (7 ноември) се очекува претежно сончево време. Утринските температури ќе се движат од -1 до 6 степени, а дневните ќе достигнат од 10 до 16 степени.
Во недела (8 ноември) ќе има умерена облачност, со минимални температури од -3 до 7 степени и максимални од 11 до 17 степени. На одредени места утринските температури ќе бидат под нулата.
Промена на временските услови се очекува од понеделник, кога ќе преовладува променлива облачност, проследена со услови за слаб локален дожд. Температурите ќе се движат од -1 до 16 степени.
Во вторник (10 ноември) утринските температури ќе бидат повисоки и ќе изнесуваат од 3 до 9 степени, додека дневните ќе достигнат од 12 до 17 степени.
Променливо облачно време со можност за слаб дожд се најавува и во среда (11 ноември), кога максималната температура ќе достигне до 19 степени.