Околу 70 повредени во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани веќе почнале ласерски третмани, информира директорката на кочанската болница. Паралелно продолжува и физикалната терапија, која ја посетуваат околу 70 повредени.
По завршувањето на летните горештини, се очекува да почнат и третманите со CO2 ласер, кои, според директорката, се изведуваат со анестезија.
Таа посочува дека интервенциите се на доброволна основа. Дел од повредените не сакаат да ги направат сите предложени интервенции бидејќи се задоволни од својот изглед, додека други продолжуваат со третманите.
Физикалната терапија претежно се спроведува во Кочани. На тамошните лекари им помагаат колеги од болницата „8 Септември“ и од Клиниката за физикална терапија.
Во меѓувреме, министерот за здравство се сретнал со експерти и медицински тимови од Израел, кои биле меѓу првите што пристигнале во земјава по трагедијата. Како што било посочено на прес-конференција, тие го разгледуваат досегашниот тек на лекувањето и ги проценуваат следните чекори во третманот на повредените.
На Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во моментов се лекуваат уште двајца пациенти повредени во трагедијата.