Македонија

Димче Арсовски е нов директор на МКЦ, Бени Шаќири станува советник за култура на Ѓорѓиевски

Димче Арсовски е нов директор на МКЦ, Бени Шаќири станува советник за култура на Ѓорѓиевски

Димче Арсовски е новиот директор на Младинскиот културен центар, откако Бени Шаќири поднесе неотповиклива оставка од лични причини. Шаќири ќе го продолжи ангажманот како советник за култура во кабинетот на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

За промената информираше Шаќири преку објава на својот фејсбук-профил.

„Поднесов неотповиклива оставка до градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од лични причини. На предлог на градоначалникот Ѓорѓиевски, останувам дел од неговиот кабинет, на позицијата советник за култура, со што ќе се обидам, од еден поинаков аспект, да придонесам за унапредување и развој на културата во градот“, напиша Шаќири.

На својот наследник му посака успех и трпение во раководењето со институцијата.

„Верувам дека како млад човек ќе даде максимум од себе, за да може да се справи со сите тешкотии со кои културата се соочува изминативе години“, додаде тој.

Шаќири беше назначен за директор на МКЦ на почетокот на 2024 година, во мандатот на тогашната градоначалничка Данела Арсовска.

Новиот директор Димче Арсовски е поранешен портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни