Свет

Се зголеми бројот на загинати по експлозијата во Измир

Се зголеми бројот на загинати по експлозијата во Измир

Според последните информации, 10 работници загинале при експлозија во металуршкиот комбинат за железо и челик на компанијата „Хабаш“ во реонот Алиага, во Измир, Турција, а според некои проценки четворица останале под урнатини.

Истовремено, повредени се 15 лица, од кои четворица се во тешка состојба, објави „Прото Тема“.

Според соопштение на обласната администрација на Измир, првичните оценки на надлежните власти упатуваат дека несреќата се случила за време на процесот на леење на течен челик. Како можност се разгледува сценариото мостен кран да се откачил од покривната конструкција и да паднал во електрична печ, што предизвикало силна експлозија. Турските власти нагласуваат дека ова е само почетна проценка, бидејќи точните околности сè уште не се утврдени.

Четворица јавни обвинители се задолжени да ги истражат причините за несреќата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни