Македонија

Сиљановска-Давкова: Длабоко ме растажи трагичната експлозија во Измир

Сиљановска-Давкова: Длабоко ме растажи трагичната експлозија во Измир

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, изрази длабоко сочувство за трагичната експлозија во фабрика за челик во турскиот град Измир, во која, според нејзината објава, животот го загубиле повеќе работници.

Преку објава на социјалната мрежа Икс, претседателката упати сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, семејствата на загинатите и граѓаните на Турција.

„Длабоко ме растажи трагичната експлозија во фабриката за челик во Измир, во која животот го загубија многу работници. Моето искрено сочувство до претседателот Ердоган, до семејствата кои ги загубија своите најблиски и до пријателскиот народ на Турција. На повредените им посакувам брзо и целосно закрепнување“, напиша Сиљановска-Давкова.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни