Македонија

Службено битолско возило со црвени таблички на шопинг во Солун

Службено битолско возило со црвени таблички на шопинг во Солун

Возило Škoda Superb со црвени битолски регистарски таблички, со ознака „BT 0874 AI“, вчера беше паркирано на паркингот пред IKEA во Солун. Фотографиите ги направи редакцијата на 4news.mk.

На фотографиите се гледа автомобилот од предната и од задната страна, а во заднината е видлив објектот на IKEA. Возилото беше паркирано меѓу други автомобили на паркингот на трговскиот објект.

Засега не е утврдено на кого му припаѓа автомобилот, кој го користел и која била целта на патувањето во Грција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни