Повеќечасовна интервенција на противпожарните екипи имало вчера во скопската населба Бит-пазар, каде што избувнал пожар во објекти – куќи на улицата „Никола Мартиновски“ број 33. Во гаснењето биле ангажирани седум противпожарни возила и 23 пожарникари, информираат од Центарот за управување со кризи.
Пожарот бил пријавен и на него се интервенирало во периодот од 17:20 до 20:20 часот.
Според информациите од ЦУК, во инцидентот нема повредени лица, додека висината на материјалната штета засега не е утврдена.
На местото на настанот и понатаму се присутни дежурни полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар.