Осумдневен притвор му е одреден на 34-годишен жител на струмичко село, кој е осомничен дека се обидел да изврши обљуба врз 22-годишна девојка. Настанот, според информациите од надлежните институции, се случил на 7 ноември во Богданци.
Од Основното јавно обвинителство Гевгелија информираат дека против осомничениот е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за обид за обљуба.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека мажот бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. За случајот бил известен јавен обвинител.
По поднесувањето на кривичната пријава, судија од Основниот суд во Гевгелија му определил мерка притвор во траење од осум дена.