Бројот на загинати во тешките верижни судири на автопатот „Тракија“ во Бугарија се искачи на 12, откако уште еден од повредените почина во болницата „Д-р Иван Селимински“ во Сливен.
Станува збор за 50-годишен маж, кој починал утрово на одделението за интензивна нега. Информацијата за NOVA ја потврди директорот на болницата, д-р Васислав Петров.
И покрај напорите на лекарскиот тим и повеќето хируршки интервенции, пациентот им подлегнал на тешките повреди.
Состојбата на останатите повредени кои се лекуваат во болницата е стабилна.
Двете тешки сообраќајни несреќи се случија во вторникот наутро, при густа магла, на автопатот „Тракија“, кај клучката „Зимница“, во близина на Јамбол. Во нив учествувале вкупно 86 возила.