Македонија

Хаџи Василева за „Алта банка“: Прво треба да го видам материјалот, со Србија имаме добра соработка

Хаџи Василева за „Алта банка“: Прво треба да го видам материјалот, со Србија имаме добра соработка
Фото: Искра Хаџи Василева на брифинг со новинари во ОЈО ГОКК / Ј. Пауноски 4news.mk

Новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева, засега не изнесе конкретен обвинителски став за случувањата со „Алта банка“, посочувајќи дека најпрво треба да го разгледа материјалот.

На прашање од БИРН за случајот, Хаџи Василева рече дека е неупатно да одговори во моментот, бидејќи треба да види „материјал“.

„Доколку имаме посериозни траги или основи, се разбира дека ова се теми што се следат будно“, изјави таа, осврнувајќи се на можноста Обвинителството да постапува по допрен глас.

Прашана дали тоа значи дека ќе комуницираат со колегите од српското обвинителство за организиран криминал, Хаџи Василева ја нагласи постојната соработка, без да најави конкретни дејствија за „Алта банка“.

„Тоа е и начин на работа и нешто на кое нè обврзува законот. Конкретно со Србија имаме добра меѓународна соработка“, рече таа.

Прашањето за влезот на банката во Македонија изминатите недели е предмет на политички реакции и барања од опозицијата за утврдување кривична одговорност.

Државниот јавен обвинител Ненад Савески, на надзорната расправа во Собранието, нагласи дека не кажал оти е рано за истрага. Тој посочи дека не може да зборува за постоење или непостоење предистражна постапка поради нејзината тајност и порача дека Обвинителството мора да постапи кога ќе утврди елементи на кривично дело што се гони по службена должност.

Хаџи Василева денеска даде свечена изјава пред Советот на јавни обвинители и ја презеде функцијата раководителка на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни