Македонија

Хаџи-Василева: Обвинителството ја следи состојбата со Алта банка, но потребни се конкретни докази

Хаџи-Василева: Обвинителството ја следи состојбата со Алта банка, но потребни се конкретни докази
FOTO 4news.mk Искра Хаџи Василева

Обвинителството засега нема да изнесува конкретен став за случајот со Алта банка без претходно да располага со релевантни информации и докази. Ова го порача новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи-Василева, нагласувајќи дека институцијата ги следи случувањата, но за понатамошно постапување се потребни конкретни факти.

„За да имате обвинителски став, мора да располагате со конкретен материјал и факти“, изјави Хаџи-Василева. Таа додаде дека доколку се појават посериозни индиции или основи за сомневање, тоа би било основа за промена на процената и преземање натамошни дејствија.

Нејзината изјава доаѓа откако државниот јавен обвинител Ненад Савески на надзорната расправа во Собранието не откри дали за Алта банка е оформен предмет или се водат предистражни дејствија. Одговарајќи на прашање од пратеникот Миле Талески, Савески се повика на законската тајност на предистражната постапка, посочувајќи дека Обвинителството постапува кога ќе утврди елементи на кривично дело.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни