Свет

Два авиона се судрија при движење по земја на аеродромот во Мајами

Два авиона се судрија при движење по земја на аеродромот во Мајами

Патнички авион Boeing 737-800 на „Копа ерлајнс“ и товарен Boeing 767-300F на УПС се судриле додека се движеле по земја на аеродромот во Мајами, соопшти американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА).

Според ФАА, инцидентот се случил околу 21 часот по локално време, кога врвот на крилото на авионот на „Копа ерлајнс“ удрил во носот на товарниот авион.

Патничкиот авион по слетувањето се движел кон излезот за патници, додека авионот на УПС се подготвувал за полетување кон Богота, Колумбија.

Контролорите на летање претходно му наложиле на екипажот на УПС да му даде предност на авионот на „Копа ерлајнс“, наведува ФАА.

Во првичната информација не се наведува дали има повредени лица, ниту колкава е штетата на двата авиона.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни