Македонија

Деветнаесетгодишен Македонец уапсен на границата со Хрватска, осомничен за обид за убиство во Белград

Деветнаесетгодишен Македонец уапсен на границата со Хрватска, осомничен за обид за убиство во Белград

Деветнаесетгодишен македонски државјанин е уапсен на српско-хрватската граница под сомнение дека се обидел да го убие Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибек, во Белград. Младиот осомничен бил приведен додека се обидувал да ја напушти Србија, објави „Курир.рс“.

По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, на осомничениот со иницијали А. А. му е одредено задржување до 48 часа. Тој се сомничи за обид за убиство, како и за недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.

Според сомненијата, инцидентот се случил на 8 август минатата година на улицата „Народни херои“ во Белград. Осомничениот наводно испукал повеќе куршуми од пиштол кон Ненад Алајбеговиќ, кој во тој момент се наоѓал во своето возило.

Истрагата треба да ги утврди сите околности поврзани со пукањето и улогата на осомничениот во нападот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни