Претседателот на Собранието Талат Џафери, го доставил извештајот до претседателот на комисијата за избори и именувања Илија Димовски, но со ознака „доверливо“, што значи дека расправата во комисијата нема да може да ја следат медиумите и членовите на комисијата кои немаат безбедносен сертификат.
Димовски потврдува дека го добил извештајот и дека тој спаѓа во класифицирани информации со оглед на тоа што од Џафери го испратил со озната „доверливо“.
Димовски сега треба да го разгледа извештајот, па потоа да утврди кои од членовите на матичната комисија имаат безбедносен сертификат по што треба да се закаже и расправа.
Според најавите, седницата на комисијата се очекува да биде закажана за утре или среда.