Македонија

Поради долг кон ЕВН без струја останаа четири факултети и Ректоратот на УКИМ

Поради долг кон ЕВН без струја останаа четири факултети и Ректоратот на УКИМ

Проблемите со неплатените сметки за електрична енергија го погодија најголемиот државен универзитет, откако вчера без струја останаа неколку факултети и зградата на Ректоратот при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Прекинот го почувствуваа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет. Причината за исклучувањето е долг кон ЕВН во висина од околу половина милион евра, при што најголемиот дел од неплатените обврски се однесуваат токму на факултетите.

По неколкучасовен прекин и постигнат договор, снабдувањето со електрична енергија беше повторно воспоставено. Сепак, ЕВН поставил услов долгот да биде подмирен до крајот на работната недела, односно најдоцна до петок.

Доколку обврските не бидат платени во предвидениот рок, од компанијата најавиле можност за повторно исклучување на електричната енергија.

Проблемот со неплатените сметки не ги засега само факултетите. Во наредните денови не се исклучуваат прекини во снабдувањето и кај одредени културни институции, а ризик од исклучување постои и кај Пошта.

Ноќно студио

Најнова епизода

Една година од почетокот на судењето за „Пулс“ – кои одговори ги чекаат родителите? | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни