На 20.11.2026 во 15:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во Ургентниот центар Гостивар со тешки телесни повреди бил донесен 13-годишен малолетник од с.Форино, гостиварско.
Според пријавеното, тој се здобил со повреди откако во дворот на основното училиште во с.Форино, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на асфалтот.
По укажаната лекарска помош во Гостивар, тој бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.