Балкан

Се претставувал како болен од леукемија и собрал речиси 190.000 евра – 20-годишник од Косово во притвор

Се претставувал како болен од леукемија и собрал речиси 190.000 евра – 20-годишник од Косово во притвор

Дваесетгодишниот Ендрит Аземи е уапсен под сомнение дека измамил голем број граѓани, претставувајќи се како пациент со акутна леукемија за кого се собираат донации за лекување.

Според косовските власти, Аземи организирал хуманитарна кампања во која користел фалсификувана медицинска документација, наводно издадена од болница во Истанбул, за да ги убеди граѓаните дека му е потребна финансиска помош за лекување.

Во периодот од 9 до 21 ноември биле собрани вкупно околу 189.206 евра. Од нив, повеќе од 162.000 евра биле донирани преку интернет-платформа, додека над 26.000 евра биле собрани преку хуманитарни активности.

Аземи бил приведен на 21 ноември, а Основниот суд во Гњилане му одредил 30-дневен притвор.

Во меѓувреме, надлежните институции ги блокирале идентификуваните банкарски сметки во Косово. Во Германија, пак, започната е постапка за враќање на дел од парите собрани преку платформата GoFundMe.

Истрагата продолжува, а надлежните органи работат на утврдување на сите околности и на целосниот обем на наводната измама.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни