Македонија

Мустаќите како симбол на превенцијата: Берберско шоу на 29-ти ноември во East Gate Mall посветено на машкото здравје

Мустаќите како симбол на превенцијата: Берберско шоу на 29-ти ноември во East Gate Mall посветено на машкото здравје

Во рамки на глобалната Movember иницијатива, која го користи симболот на мустаќите за подигнување на свеста за машкото здравје, настанот ќе ги собере професионалните бербери, младите таленти, љубителите на берберската култура и сите заинтересирани за современите трендови во негата и стилот.

Централно место ќе има сегментот „Barber Battle“, во кој берберите ќе ја покажат својата умешност, прецизност и креативност. Преку демонстрации и различни стилови, искусни професионалци и млади таленти ќе ги претстават своите техники и пристапи кон берберската професија.

Настанот има и поширока цел – да поттикне отворен разговор за машкото здравје, редовните здравствени прегледи и важноста на навремената превенција. Организаторите сакаат да испратат порака дека грижата за себе не треба да биде табу тема, а поддршката и меѓусебната солидарност се важни за подигнување на свеста.

„MOVEMBER SHOW: BARBER BATTLE“ ќе се одржи на 29 ноември 2026 година во East Gate Mall. Организатори се Секцијата на фризери при Занаетчиската комора на град Скопје, во соработка со East Gate Mall.

Со овој настан, мустаќите стануваат симбол не само на стилот, туку и на поддршката, заедништвото и одговорниот однос кон сопственото здравје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни