Македонија

Богдановиќ за урбанизмот во Центар: Избришавме 15 илјади квадрати за градба и создадовме простор за јавни објекти

Богдановиќ за урбанизмот во Центар: Избришавме 15 илјади квадрати за градба и создадовме простор за јавни објекти

Не може во една градска четврт да се градат само згради, без да се обезбедат училишта, градинки, паркинзи, детски игралишта и зелени површини, порача поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Говорејќи за мораториумот за градба за време на неговиот мандат, Богдановиќ посочи дека целта била ревизија на деталните урбанистички планови и нивно усогласување со Генералниот урбанистички план.

Тој тврди дека со деветте донесени урбанистички планови биле избришани 15 илјади квадратни метри предвидени за градба, а биле обезбедени дополнителни содржини од јавен интерес.

Како позитивен пример го посочи урбанистичкиот план за населбата Пролет, каде што со учество на граѓаните биле предвидени градинка, монтажен паркинг и дополнителни зелени површини.

Богдановиќ нагласи дека пандемијата и одлуките на Уставниот суд дополнително го забавиле процесот на ревизија на урбанистичките планови.

Ноќно студио

Најнова епизода

🔴 ВО ЖИВО | Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни