Македонија

Богдановиќ: Недозволувањето да се гради кај „Треска“ беше причина што не добив поддршка за втор мандат

Богдановиќ: Недозволувањето да се гради кај „Треска“ беше причина што не добив поддршка за втор мандат

Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ изјави дека неговото спротивставување на изградбата во просторот кај поранешната фабрика „Треска“ било една од причините поради кои не добил поддршка за втор градоначалнички мандат.

Тој потсети дека за време на неговото раководење со општината бил спроведен конкурс за урбанистичко решение, со цел похумано уредување на просторот, но дека неговиот наследник го поништил конкурсот со образложение дека бил незаконски.

„Ако е незаконски нешто, ние требаше да трпиме некакви консеквенции. Но, тоа беше само изговор за на крајот да се спроведе тоа што се спроведува сега“, рече Богдановиќ.

Тој се осврна и на пожарот во објектите кај „Треска“, нагласувајќи дека не сака да шпекулира за причините и дека случајот треба да го испитаат надлежните органи.

Според Богдановиќ, актуелната градежна експанзија во Центар е последица на спроведувањето на старите урбанистички планови, наместо креирање нови решенија со активно учество на граѓаните.

Ноќно студио

Најнова епизода

🔴 ВО ЖИВО | Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни