Во живо Ноќно студио во живо Венко Филипче Гледај
Македонија

Странски експерти утврдиле девет неоправдани кардиохируршки интервенции, документите сè уште не се во Обвинителството

Странски експерти утврдиле девет неоправдани кардиохируршки интервенции, документите сè уште не се во Обвинителството

И покрај наодите на странските медицински експерти дека кај девет пациенти биле извршени медицински неоправдани кардиохируршки интервенции, документацијата за случајот сè уште не е доставена до Јавното обвинителство.

Веќе една година во јавноста се поставува прашањето дали во приватни здравствени установи во земјава биле извршувани непотребни операции со цел наплата на средства од Фондот за здравствено осигурување.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, најави дека случајот треба да добие разрешница, но посочи дека сè уште го чека безбедносниот сертификат. Тој нагласи дека се залага за целосно расчистување на случаите и утврдување на евентуалната одговорност.

Неговиот претходник, Азис Алиу, формираше две стручни комисии за испитување на сомнежите, но и покрај најавите, собраната документација не беше доставена до Обвинителството.

Првата комисија, составена од домашни лекари, разгледала 20 случаи, при што кај 13 биле утврдени сомнежи за непотребно извршени операции или неоправдано упатување на хируршка интервенција.

Втората комисија, составена од странски медицински експерти, утврдила дека кај девет пациенти извршените интервенции не биле медицински оправдани.

Случајот го актуализираше кардиологот Сашко Кедев, кој јавно предупреди дека во земјава се извршуваат интервенции без медицинско оправдување.

И покрај наодите на стручните комисии, останува неодговорено прашањето дали и кој евентуално остварувал финансиска корист на штета на пациентите и здравствениот буџет, како и дали ќе биде утврдена кривична одговорност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Зошто политичарите ги отвораат вестите, а проблемите на граѓаните остануваат во втор план?

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни