Во живо Ноќно студио во живо Бленди Ходаи Гледај
Македонија

Ходаи обвинува: Ботови од Белата палата нè нападнаа откако го туживме МОН

Ходаи обвинува: Ботови од Белата палата нè нападнаа откако го туживме МОН

Форумот за образовни промени бил цел на организирани напади на социјалните мрежи откако поднел тужба против Министерството за образование и наука, обвини Бленди Ходаи во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

„Видовте прво како на организиран начин ботовите од Белата палата почнаа да нè напаѓаат во однос на тоа што ние го туживме Министерството за образование и наука“, изјави Ходаи.

Тој објасни дека наместо да водат јавни полемики преку медиумите, одлучиле правдата да ја бараат преку судските институции.

„Ние немаме веќе енергија да се занимаваме со кавги преку медиуми, дали да го почитува некој законот или не. Уморни сме од тоа“, рече Ходаи.

Според него, по поднесувањето на тужбата започнале нападите на социјалните мрежи, а во кампањата, како што тврди, се вклучиле и одредени телевизии.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни