Најавите за зголемување на студентскиот оброк на 4.500 денари месечно не се поткрепени со дополнителни средства во предлог-буџетот за 2027 година, тврди Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени.
Во „Ноќно студио“ на 4ТВ, тој посочи дека средствата наменети за студентскиот оброк остануваат непроменети.
„Го видовме предлог-буџетот за 2027 година. Студентскиот стандард, особено студентскиот оброк, е ист како лани. Нема покачување“, изјави Ходаи.
Тој ја обвини Владата дека со најавите за повисок студентски оброк ја манипулира јавноста.
„Владата ги лаже и сака да ја манипулира јавноста, особено студентите, дека ќе се покачува на 4.500 месечно, што не е вистина. Нема пари предвидено за тоа да се направи“, рече Ходаи.
Тој го критикуваше и процесот на подготовка на предлог-буџетот, оценувајќи го како нетранспарентен.