До 20.000 евра може да го чини едно семејство четиригодишното студирање на своето дете во Македонија, според проценките што ги презентираше Бленди Ходаи во „Ноќно студио“ на 4ТВ.
Тој посочи дека високите трошоци за сместување, храна и секојдневни потреби го прават студентскиот живот сè потешко достапен.
„Тоа е годишно околу пет до шест илјади евра, само за една година на факултет. За четири години да завршите факултет, тоа би било околу 18 до 20 илјади евра во нашиот образовен систем што е во мрак“, рече Ходаи.
Според него, особено тешка е положбата на студентите кои не живеат со своите родители и мора самостојно да ги покриваат трошоците за сместување и исхрана.