Актуелниот износ на субвенционираниот студентски оброк е недоволен за покривање на основните дневни потреби за храна, предупреди Бленди Ходаи во „Ноќно студио“ на 4ТВ.
Тој посочи дека цените на храната значително се зголемиле, додека студентскиот оброк останува непроменет.
„Немаш шанса преку ден да купиш ниту еден сендвич со 140 денари. Можете да одите во бифеата што се надвор од факултетите. Таму ќе видите дека, на пример, ладен сендвич е околу 150 денари“, рече Ходаи.
Според него, студентите се принудени да наоѓаат алтернативни начини за да обезбедат храна, бидејќи државната субвенција не е доволна за покривање на реалните трошоци.