Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Утрово без минусни температури, најмногу дожд наврнал во Лазарополе

Утрово без минусни температури, најмногу дожд наврнал во Лазарополе

Врнежливото време продолжува низ земјава, а метеоролозите за денеска најавуваат облачно небо и повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Лазарополе, каде што се измерени 24 литри на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Значителни количества врнежи се регистрирани и во Пожаране, каде што наврнале 22 литри на квадратен метар, во Маврови Анови 18, на Попова Шапка 14, а во Тетово 12 литри на квадратен метар.

Во Претор се измерени осум литри, во Крушево седум, во Охрид и Битола по шест, во Тополчани два, додека во Прилеп, Берово и Велес по еден литар на квадратен метар.

Утринските температури насекаде во земјава се над нулата. Најстудено било на Попова Шапка со два степена, додека три степени се измерени во Тетово, а пет во Крушево и Маврови Анови.

Во Скопје – Петровец, Скопје – Зајчев Рид, Прилеп, Берово, Струмица и Лазарополе се измерени шест степени. Во Крива Паланка и Кавадарци температурата изнесувала седум степени, во Охрид, Претор, Битола и Велес осум, во Виница и Гевгелија девет, во Штип 11, а најтопло утрово било во Демир Капија со 12 степени.

Според прогнозата на УХМР, во текот на денот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално може да надминат 20 литри на квадратен метар за 24 часа. По одделни котлини и на некои повисоки места можна е појава на магла.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималните дневни температури ќе се движат од шест до 13 степени.

Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни