Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Жена пронајдена почината во сместувачки капацитет во Битола

Жена пронајдена почината во сместувачки капацитет во Битола

Случај со почината жена е пријавен во Битола, откако нејзиното тело било пронајдено во сместувачки капацитет на улицата „Македонска фаланга“.

Станува збор за 41-годишна жена од Битола, а настанот бил пријавен вчера во Секторот за внатрешни работи Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, при што лекар констатирал смрт. Според првичните информации, на телото немало видливи траги на насилство.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни