Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Намален бројот на загинати во сообраќајки во Македонија, годинава животот го загубиле 85 лица

Намален бројот на загинати во сообраќајки во Македонија, годинава животот го загубиле 85 лица

Бројот на жртви во сообраќајни несреќи во Македонија бележи значително намалување во споредба со долгогодишниот просек, но и натаму останува предизвикот за целосно спречување на трагедиите на патиштата. Од почетокот на годинава до денес во сообраќајни незгоди загинале 85 лица, додека во изминатите 35 години земјата во просек губела околу 150 човечки животи годишно.

Овие податоци беа презентирани на втората национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

На конференцијата беше истакнато дека Македонија бележи значителен напредок во унапредувањето на сообраќајната безбедност, што го потврдуваат статистичките податоци, меѓународните признанија, но пред сè намалениот број на загубени животи.

Сепак, беше нагласено дека постигнатите резултати не се причина за опуштање, бидејќи секоја сообраќајна несреќа со смртни последици претставува ненадоместлива загуба. Поради тоа, неопходни се континуирани активности, поголема посветеност и заедничка одговорност од сите институции и учесници во сообраќајот.

Посебно беше нагласена улогата на локалните самоуправи, ЗЕЛС, РСБСП, Црвениот крст, академската заедница и полициските службеници во спроведувањето на мерките за поголема безбедност на патиштата.

Сепак, најголем придонес им беше припишан на граѓаните, чие одговорно однесување е клучно за намалување на сообраќајните несреќи и заштита на човечките животи.

На конференцијата беше посочено дека меѓународните признанија претставуваат потврда дека државата се движи во вистинска насока, но дека напорите за создавање побезбеден сообраќај мора да продолжат со уште поголем интензитет.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни