Осум лица завршиле во охридската Општа болница по пожар што избувнал во стан на улицата „Гоце Делчев“, во населбата Даљан во Охрид. Според информациите од Територијалната противпожарна единица Охрид, лицата биле хоспитализирани поради повреди и отежнато дишење предизвикано од вдишување чад.
Пожарникарите интервенирале на местото на настанот, при што презеле техничко-тактички мерки за локализирање и гаснење на пожарот, како и за евакуација на станарите.
Од охридската противпожарна единица информираат дека благодарение на брзата и ефикасна интервенција на екипите била спречена поголема катастрофа.
Осумте лица се пренесени во Општата болница во Охрид, а од противпожарната единица им посакаа брзо закрепнување.