Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Од 1 декември поскапува парното во Скопје, сметките во просек повисоки за 188 денари

Од 1 декември поскапува парното во Скопје, сметките во просек повисоки за 188 денари

Скопјани од следниот месец ќе плаќаат повисоки сметки за парно греење. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цената на топлинската енергија, кое стапува во сила од 1 декември, а како причина се наведува растот на цената на природниот гас поради геополитичките случувања.

За домаќинствата кои се снабдуваат преку ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Производство на топлина и ЕСМ Енергетика, цената на топлинската енергија се зголемува во просек за 7,56 проценти.

Кај потрошувачите приклучени на мрежата на поранешна Топлана Скопје Север, односно сегашна „Енерџи Еколинк“, зголемувањето ќе изнесува 5,84 проценти.

Според пресметките на РКЕ, просечната месечна сметка за парно ќе биде повисока за 188 денари и ќе изнесува 2.681 денар.

Одлуката е донесена откако сите компании кои ги снабдуваат потрошувачите со топлинска енергија во Скопје доставиле вонредни барања за промена на регулираниот максимален приход и ревидирање на цената.

Претходната цена беше утврдена во јули, а се применува од 1 август 2026 година.

Во главниот град со топлинска енергија се снабдуваат близу 70.000 потрошувачи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни