Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Загрижувачки податоци: Во Македонија и девојчиња помлади од 15 години стануваат мајки

Загрижувачки податоци: Во Македонија и девојчиња помлади од 15 години стануваат мајки

Малолетничкото мајчинство останува сериозен општествен проблем и во Македонија. Статистичките податоци покажуваат дека и покрај малите бројки во однос на вкупниот број раѓања, секоја година има девојчиња кои стануваат мајки пред да наполнат 15 години.

Според податоците на Државниот завод за статистика, минатата година во земјава биле регистрирани 15 живородени деца од мајки помлади од 15 години.

Во 2024 година биле евидентирани 12 вакви случаи, додека 588 деца биле родени од мајки на возраст од 15 до 19 години. Слични податоци имало и во 2023 година, кога биле регистрирани 14 живородени деца од девојчиња помлади од 15 години.

Прашањето за раните бремености повторно се актуализираше по случајот во бугарскиот град Монтана, каде што 12-годишно девојче неодамна се породило. Според информациите објавени во бугарските медиуми, девојчето три години живеело со 16-годишно момче, кое е татко на бебето. Поради возраста на девојчето, породувањето било извршено со царски рез.

Случајот предизвика големо внимание во бугарската јавност, а објавените статистики покажуваат дека проблемот е присутен и таму. Минатата година во Бугарија биле регистрирани 208 мајки помлади од 15 години, додека околу 2.400 бебиња биле родени од девојчиња на возраст од 15 до 17 години.

Податоците од Македонија укажуваат дека раните бремености и малолетничкото мајчинство не се изолирани појави. Зад секоја бројка се отвораат прашања за заштитата на децата, нивното здравје, образованието, семејната и институционалната поддршка, како и превенцијата од рани бремености.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни