Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Нека заблеска Скопје во новогодишен сјај – награди за најубаво украсените дворови и тераси

Нека заблеска Скопје во новогодишен сјај – награди за најубаво украсените дворови и тераси

Празнични светилки, креативни украси и новогодишна магија – скопјани и годинава ќе имаат можност да ја покажат својата креативност и да освојат награди во рамките на манифестацијата „Украсуваме по скопски 2027“.

Град Скопје ги повикува граѓаните да придонесат за создавање празнична атмосфера, претворајќи ги своите домови, дворови, тераси и деловни објекти во вистински новогодишни катчиња.

Натпреварот ќе се одвива во четири категории:

  • Најубаво новогодишно украсен двор;
  • Најубаво новогодишно украсена тераса;
  • Најубаво новогодишно украсен деловен или угостителски објект;
  • Најубав средношколски расказ на тема новогодишни желби и празнувања.

Пријавувањето започнува на 1 декември и ќе трае до 21 декември 2026 година.

За учество во натпреварот, граѓаните треба да испратат фотографии од своите украсени објекти, заедно со контакт телефон и адреса, на електронската адреса poddrshkanagradonachalnik@skopje.gov.mk или по пошта на булевар „Илинден“ бр. 82, со назнака за манифестацијата „Украсуваме по скопски 2027“.

Можност да бидат дел од празничната приказна ќе имаат и средношколците, кои преку своите литературни творби ќе можат да ги споделат новогодишните желби, соништа и доживувања.

За изборот на најдобрите ќе одлучува жири-комисија составена од претставници на медиумите, која ќе ги посети пријавените објекти и ќе ги оцени пристигнатите раскази.

Најкреативните учесници во сите категории ќе добијат пригодни награди од Град Скопје.

Дополнителни информации за учеството се достапни на телефонскиот број 02/3297 265, секој работен ден од 9 до 16 часот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни