Македонија

Земјотрес со магнитуда 4,0 во Грција почувствуван во Битола и Охрид

Земјотрес со магнитуда 4,0 во Грција почувствуван во Битола и Охрид

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда од 4,0 е регистриран утрово во 08:47 часот, со епицентар во Грција, на 140 километри југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци на Опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван во Битола, Охрид и нивната околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Од Опсерваторијата ги повикуваат граѓаните што го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот за почувствуваност, со што ќе придонесат во сеизмолошките истражувања.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни