Македонија

Инфлацијата го „изеде“ бурекот – еден час работа за ѓеврек и јогурт

Инфлацијата го „изеде“ бурекот – еден час работа за ѓеврек и јогурт

Растот на цените на храната, сметките и кириите сè повеќе го намалува животниот стандард на граѓаните. За само две години, трошоците за живот се зголемиле за 8.500 денари, додека платите пораснале за не повеќе од 3.000 денари.

Потпретседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Иван Пешевски, посочува дека еден работен час на минимална плата вреди околу 150 денари.

„Ако порано работникот имаше за бурек и јогурт, сега има само за ѓеврек и јогурт, бидејќи инфлацијата го изеде бурекот“, вели Пешевски.

Според него, на едно семејство му се потребни околу 100.000 денари месечно за покривање на основните животни трошоци, без луксуз, одмор или штедење.

Додека ССМ досега бараше минимална плата од 600 евра, новите пресметки, според синдикалците, покажуваат дека за пристоен живот се потребни 800 евра.

Работодавците, пак, предлагаат исплата на заработката според одработените часови, додека синдикатите инсистираат на гарантирана минимална заработка и соодветно плаќање на прекувремената работа.

Економистите оценуваат дека зголемувањето на минималната плата е неопходно, но дека мора да се земат предвид и продуктивноста и финансиските можности на компаниите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни