4NEWS.mk

Најмалку 16 загинати во нападот во Кабул

Бројот на загинати во синоќешниот напад во Кабул, за кој одговорност презедоа талибанците, се зголеми на 16 жртви, додека 119 лица се повредени.

Цел на нападот била област во која се сместени неколку меѓународни организации и каде што живеат странци.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими изјави дека од подрачјето се евакуирани околу 400 странски државјани.

Безбедносните сили убиле петмина напаѓачи после експлозијата што ја предизвикал самоубиствен напад со трактор полн со експлозив.

Експлозијата се случи само неколку часа откако американски дипломатски претставник во Кабул Залмај Кализад го информира авганистанскиот претседател Ашраф Гани за предлог мировниот договор со талибанците, според кој илјадници американски војници треба да се повлечат од Авганистан.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни