4NEWS.mk

Училишни ранчиња и прибор за 27 првачиња во три подрачни училишта во Неготино

Претседателот на Советот на општина Неготино, Диме Витанов и директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Петар Мантев денеска посетија три подрачни училишта во неготинските села Долни Дисан, Тимјаник и Тремник.

Тие им го честитаа тргнувањето на училиште на првачињата и посакаа успешен почеток на новата учебна година.

На 27 првачиња, Витанов и Мантев им подарија училишни ранчиња и училишен прибор кои се обезбедени со средства од буџетот на општина Неготино. 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни