4NEWS.mk

Стоилковски: Заев не дозволува ниту да се донесе закон за ЈО, ниту да се расчисти со корупцијата

Зоран Заев, главата на октоподот, главата на државната мафија, е спремен да го жртвува датумот за почеток на преговори со ЕУ, само и само за да си го продолжи криминалниот век! Јасно е дека без исполнети услови нема датум за почеток на преговори со ЕУ, а Зоран Заев не дозволува ниту да се донесе квалитетен закон за ЈО, ниту да се расчисти со високата корупција во која што се вмрежени и администрацијата и правосудството!

Македонија ја тресат корупциски скандали од највисок степен со инволвирани имиња од власта, а нема решение, нема процес, нема ништо за ниту еден случај:

Нема никаква разрешница за прислушувањето на јавните обвинители.

Нема разрешница за Курто Дудуш и киднапирање и физичко малтретирање на граѓани.

Нема разрешница за партизацијата со „Мрежа“, нема разрешница за злоупотреба на фондови.

Нема разрешница за „Тополки“, нема разрешница за „Леонардо“, нема разрешница за „Рекет“.

Едноставно, нема разрешница за ниту ниеден од скандалите за кои што пишуваат и меѓународни медиуми! Сега за „Рекет“, претходно за „Леонардо“, пред тоа за корупција и уценување во парламентот!

Наместо справување со криминалот и корупцијата, Заев приведува новинари во полициски станици, обвинува и силува медиуми кои објавуваат за криминалот и корупцијата, без основа притвора опозициски функционери кои што говореа за криминалот и корупцијата на државната мафија!

Зоран Заев судството го претвори во пазар, тргува со правото и правдата, и притоа турка Закон за амнестија на октоподот, за заштита на рекетарското здружение, закон за наградување заради политичкиот прогон.

Ова не се европски вредности, ова не се условите за добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ, ова не се цели на Република Македонија. Ова се цели на Зоран Заев, фатен во криминал и кој што ќе стори се’ за да го продолжи векот на октоподот на државната мафија претворајќи ја Македонија во семеен нарко – картел.

Граѓаните и Република Македонија не смеат да бидат жртви и не смеат да бидат казнети заради криминалниот клан на Зоран Заев.

Зоране Заев доста е, го силуваше и жртвуваше минатото, не жртвувај ја и иднината на Македонија! Твоето заврши, излези на избори.

Прашање: Вчера имаше преговри во врска со законот за јавно обвинителство, дали нешто конкретно е постигнато? И зошто кажавте дека се ризикува членството во ЕУ?

Одговор: Доколку имаше напредок во преговорите за тоа ќе беше соопштено пред се од власта која што предлага еден таков закон. Јасно е дека се жртвува европскиот напредок на Република Македонија бидејќи ниту во јуни не беа исполнети оние цели за кои што Зоран Заев лажеше дека не постоеја минатиот јуни кога велеше дека сме добиле датум. А, тука беше јавната администрација, правосудството, справување со корупцијата, високата корупција и криминалот. Апсолутно сето тоа е вмрежено, гледаме дека е вмрежено во октоподот на државната мафија која што сега исто и е на површина со случајот „Рекет“. Во него се и правосудството кое што беше услов со јавното обвинителство, нели законот за јавното обвинителство, во него се и администрацијата која што учествува преку функционери државни во оној „Меѓународен сојуз“ во кој што се нели завршуваа парите и исчезнуваат парите од „Рекет“ во кој што нели главен лик би требаше да биде претставен Бојан, Боки 13. Нема ништо од зафат кој што треба да значи напредок кон исполнување на цели, исполнување на задачи зададени од ЕУ за напредок кон ЕУ, односно добивање на датум. И во прес конференцијата посочив и сега ќе повторам се предлага закон за јавно обвинителство кое што треба да претставува една амнестија за учесниците во „Рекет“, една награда да обезбеди една награда за нив, напредување за учесниците во „Рекет“ и секако избегнување на казната на државната мафија со продолжување на оној дел што се вели политички прогон против опозициската мисла. Такво нешто не верувам дека ќе добие датум за преговори за жал и за несреќа на граѓаните на Република Македонија.

Прашање: Каква беше климата на преговорите, дали ќе продолжат?

Одговор: ВМРО-ДПМНЕ е токму во насока дека ќе работи за доброто на граѓаните и напредокот на Република Македонија. Ќе даде се од себе за да се постигне договор, меѓутоа не по цена на квалитет на еден ваков договор. Во однос на климата веројатно било жешко.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни