Македонија

Сопственикот на „Дрим билдинг“ кај Рускоска – утре и Фросина Ременски ќе сведочи за „Рекет“

Во Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска е повикан бизнисменот Ардијан Амзоски, сопственик на фирмата „Дрим Билдинг“ од Струга, да даде потребни известувања во врска со случајот „Рекет“. Амзоски на сметката на Меѓународниот сојуз на Боки 13. уплатил околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка. Вчера во Обвинителството за „Рекет“ исказ даваа водителката Лила Филиповска и бизнисменот Силјан Мицевски, а утре да сведочи е повиката на Фросина Ременски, таа е и првиот сведок од СДСМ кој ќе застане пред Рускоска, оваа инфромацијата ја потврдуваат и од обвинителството. Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни