Советот на јавни обвинители му предложи на Собранието извештајот за разрешувањето на Катица Јанева да се разгледа зад затворени врати поради тоа што содржи класифицирани материјали. Претседателот на Комисијата за избор и именување, Илија Димовски, вели дека Комисијата има право да одлучи дали седницата ќе биде отворена или затворена. Меѓутоа Димовски смета дека во овој случај седницата треба да биде отворена и затоа бара деклсификација на извештајот.
Потребни се 9 гласа на членовите на Комисијата, за да се одлучи дали седницата ќе биде отворена или затворена. Доколку се одлучи седницата да се одржи без присуство на јавноста, нема да можат да учествуваат ниту пратениците кои немаат валиден сертификат за пристап до класифицирани информации, рече Димовски.
Претседателот на Советот на Обвинители, Ацо Колевски, за ТВ21 рече дека се уште не го добиле барањето на Димовски. Според него, постојат законски можности за декласификација на извештајот, но конечната одлука треба да го носи Советот, имајќи го предвид фактот дека истрагата за „Рекет“ е во тек.
Освен барањето за декалсификација, пратеникот Димовски исто така има уште една дилема.
Оваа барање на Димовски се основа во став2 на член 18 од Законот за СЈО, каде пишува дека Јавниот обвинител, меѓу другото, се разрешува и по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на РСМ. Но кои се тие партии? Всушност, трите најголеми партии се познати: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Но која е четвртата?
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, телефонски ни рече дека сега ситуацијата е таква што не може да се дефинира која е четвртата најголема партија според бројот на пратениците, бидејќи 3 политички парти имаат по 3 пратеници во Собрание. Според него во овој случај и трите политички партии можат да се произнесат за разрешувањето на Јанева, но без можност за влијание во постапката.
Иако не прифати да каже повеќе детали, Димовски, рече дека според тоа што го прочитал од извештајот, има повеќе од доволно елементи, Собранието да го процесира и да одлучи за разрешувањето на Јавена.
Седницата на комисијата е закажана за четврток. Откако Комисијата ќе одлучи, истата одлука го предложува за гласање на пленарна седница. Потребни се 80 гласа за разрешување на Јанева, вклучувајќи и Бандентерово мнозинство.