Македонија

ВИП стана А1, меѓународниот бренд доаѓа со 5Г мрежа

Компанијата ВИП и официјално стана А1. Освен промената на брендот, од таму велат дека нема да се смени ништо другo и дека за сите нивни клиенти, правата, обврските и склучените договори претходно, ќе останат непроменети. Од компанијата  најавуваат дека со промената на името и брендот, се спремни за технологијата 5Г, со цел да им овозможат на корисниците врвна услуга, одлично корисничко искуство и комуникациска инфраструктура, која може да одговори на предизвиците што ги носи иднината.

„Трансформацијата од Вип во А1 е стратешка одлука со која ја надградуваме нашата позиција на телекомуникацискиот пазар. Нашата визија како А1 е да бидеме партнер во дигитализацијата на македонското општество, да го поттикнеме дигиталниот начин на живеење и да бидеме водич за нашите корисници во оваа наша дигиталната ера на нови технологии“, рече Мирослав Галер, извршен директор на А1 Македонија.

Раководителите на групацијата, ветуваат новости во светот на технологијата и дигитализацијата.

„Во 2007 година кога Вип почна во Македонија со нова канцеларија, предизвикот беше во мобилната телефонија, каде ние бевме третиот оператор, но сега нештата се сменија, целосно сме споени во еден телекомуникацискиот оператор. И светот се смени во 2007 година. Во групацијата А1 бевме само група на фиксни компании или само на мобилни телефони. Оваа трансформација навистина е силна и неверојатна, ние денес сме лидери во фиксната и мобилната телефонија, телевизиските услуги, лидери во многу групи и други услуги кои им ги нудиме на нашите корисници“, рече Томас Арнолдер, генерален директор на А1 Австрија.

Групацијата А1 е водечки снабдувач на дигитални услуги и комуникациски решенија во Централна и Источна Европа со повеќе од 24 милиони корисници, во седум земји.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни