Од Освново Јавно обвинителство информираат дека судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил известување од Катица Јанева, кое го примил преку КПУ Затвор Скопје- Скопје.
Во известувањето се пишувало дека Катица Јанева ги овластува јавните обвинители во тоа обвинителство кривичните предмети да ги предадат во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Од таму додаваат дека, во обвинителството примено е и известување со барање информации од СЈО, во кое приложено е и доставеното полномошно од Катица Јанева.