Сопственик на приватна компанија за перење автомобили и теписи, го урнала ѕидот од училиштето “7 Март“ во општина Чаир. Како што се гледа од снимките, целта на уривањето на ѕидот е отворање врати за директно влегување во пералната. Компанијата постапила така без дозвола од училиштето или општината. Директорот на училиштето Халил Палоши вели дека нормално е што компанијата функционира во дворот на училиштето.
„Се користи еден дел на крајот што не е новост, бидејќи во многу училишта се издава под кирија дел од објектот. Тој згрешил што го уништил ѕидот без дозвола од општината. Имавме жалби и од родителите но и од амбасадите. Општината направи договор со лицето ѕидот да биде вратен во првобитната положба“, изјави Халил палоши – ОУ „7-ми март“
Но, од општина Чаир најавија дека ќе го изградат урнатиот ѕид за неколку дена, а компанијата нема да може да го води овој бизнис во дворот на училиштето.
„Општината ги презема сите законски мерки за изрекување казна кон лицето кое го изврши овој неодговорен чин. За ова прекршување на законот известени се полициските органи кои ја заверија фактичката состојба. Општина Чаир за кратко време ѕидот ќе го врати во првобитната положба“, велат од Општина Чаир.
ТВ21 пред две години известуваше за користењето на дворот без дозвола. Нивниот бизнис по две години цвета со дозвола од општината, бидејќи плаќаат кирија за користење на дворот.