САД ги заострија санкциите кон Иран со вклучување во списокот на повеќе од 20 физички и правни лица, како и неколку нафтени танкери, се вели во денешното соопштение на Министерството за финансии.
Покрај Иранци, во списокоt се и државјани на Индија, ОАЕ и Либан, како и 16 компании регистрирани во Иран, Индија, ОАЕ, Либан, Сингапур и Сирија.
Казнени мерки има и против логистички компании за превоз на товар кои ги финансираат специјалните сили „Ал Кудс“ на Корпусот на стражите на исламската револуција.
-Иран продолжува со провокациите за дестабилизација на регионот и светот во целина, стои во соопштението.