Македонија

Дескоска на консултации со Јовески, Камбовски и Ристоска за Законот за ЈО

Во Министерството за правда денеска министерката Рената Дескоска оствари средба со неколку правници за Законот за Јавното обвинителство.

На средбата се Ленче Ристоска од СЈО, републичкиот обвинител Љубомир Јовески, Академикот Владо Камбовски.

Средбата доаѓа по писмото на Катица Јанева испратено од затворот Шутка со кое ги ополномоштува сите обвинители на СЈO да ги предадат своите предмети на Јавното обвинителство.

Министерката Дескоска на својот Фејсбук профил објави дека се консултира за Законот за Јавно обвинителство со работната група.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни